Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

"Lancôme Make Up Show" by Ивана Лисак

Создаден во 1935 година од страна на визионерот Armand Petitjean со цел да го промовира францускиот стил и вкус низ целиот свет, Ланком секогаш бил олицетворение на современата убавина. 

Бренд во кој фигурира одличното, совршениот мирис за нега на кожа, и шминка кои одат рака под рака.  Од своето создавање во 1935-та година, Ланком ја открива убавината на жените од целиот свет и им помага да донесат што повеќе убавина во својот живот, без разлика на нивната возраст, стил и боја на кожа.

Името Ланком е инспирирано од « Lancosme »,  средновековен замок во Vendoeuvres, кој е сместен во срцето наФранција. Правописот подоцна беше променет, односно беззвучното С беше заменето со циркумфлексен акцент. Ова име брзо стана синоним  на француската совршеност, елеганција и одговор на реалноста на меѓународниот развој.

Mr Petitjean ја одбра розата како симбол на Ланком, која ја претставува идејата на убавина и женственост. Розата ја претставува бескрајната женственост, но исто така може да биде и симбол на нашето време; деликатно, но истовремено и силно.

Розата ја претставува хармонијата, вистината и великодушноста.

Кога некому ќе му подарите роза, тоа е најчовечниот начин да се каже – Те сакам и ти посакувам се најдобро, Ми недостасуваш. Вака сакаме нашите купувачи да се почувствуваат кога ќе добијат или подарат некој од продуктите на Ланком. Овие производи велат: ние ќе ја сублимираме вашата убавина и ќе се грижиме за вас.

Ивана Лисак е родена во Загреб каде и што го завршила средното медицинско училиште,а потоа продолжила со работа неколку години во фамилијарниот бизнис.Во 1999 година одлучила страста и хобито кон шминкањето да го претвори во професија и заминува на школување во Лондон.

Во Лондон се запишува на двегодишни студии за мејк ап и завршува со највисок просек. По завршување на студиите некое време работи како freelance мејк ап артискт,но сфаќа дека таа форма на работење не и одговара па се одлучува да работи под поткритие на некој бренд.

За Ивана, LANCOME нема конкуренција откако ја добила својата прва маскара( Lancome-Definicils), се заљубува во брендот. Слушајќи ја својата интуиција доаѓа на отворениот ден на LANCOME, каде што од 600 пријавени учесници, влага помеѓу првите 20 кои добиваат работа, но само таа како мејк ап артист. Се запослува во Harvey Nicholsu (по пат учи од Amande Bell и Peter Jonesu).  На почетокот на 2003 година се враќа во Хрватска. Набрзо повторно почнува да работи за Lancôme, а истоврмено започнува и нејзината соработка со тогашните списаниа:Mila, Grazia, Cosmopolitan, Glorija, Nacional.

Покрај работата за списаниата,работи и на рекламните кампањи и модните ревии: Fashion week, Cro-a-porteru, и за изборите за мис на Хрватска.

2005.-2009 година успешно соработува со училиштето Callegari каде што самостојно држи предавање за мејк ап во Загреб и Ријека.

2008 година имала среќа да биде дел од мејк ап семинарот на LANCOME, каде што се запознала со  Aaron de Meya, креативниот директор на LANCOME, кој ја има истата визија за мејк ап како и Ивана. По завршување на семинарот заслужено и е доделена дипломата за Регионален мејк ап артист. 

Односот кон козметиката , мотивацијата да ја работи оваа работа, посебно за Lancome, го објаснува самата:

‘’Што се однесува до мојот пристап кон шминкањето, иако работам се и бескрајно уживам во креативниот дел од мојата работа, она во што најмногу уживам длабоко е поврзано со Lancome. Во брендот ми се споија идеалните бои, текстури и мириси и секогаш имам чувство дека токму Lancome ја црпи целата креативност од мене. Мојата мотивација за оваа работа се самите жени. Секогаш во мислите ми е секојдневната жена која наутро се подготвува за својот ден и кпја го сака тој мал ритуал на шминкање, а јас сум тука да и го олеснам или забрзам тој процес. Она што неколку пати сум го споменала ги обожавам оние мали љубовни приказни помеѓу жената и нејзината шнинка и се осеќам привилигирано кога би била дел од тој просец. ‘’

Во 2011 година, Ивана го освојува второто место и сребрената четка на годишното LANCOME MAKE UP натпреварување, каде што учествуваат артисти од целиот свет.

Оваа престижна награда ја потврдува нејзината компетентност и многуте години посветена работа за брендот. 

Објавено во мода и убавина | 28.11.2016 - 12:49
Тагови:

Лајкнете не на Facebook