Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Македонската дизајнерка Ивана Каран на руската модна сцена

Македонија за првпат ќе се најде на меѓународниот фестивал на мода и талент во Москва „Princе & Princess of the Universe 2017“ во организација на Art Fashion Company - Moscow.

На 4-ти јануари 2017-та година во Москва заминуваат двајца учесници од Македонија. 

Алек Роберт (9 години) - веќе познатиот убавец кој има освоено повеќе титули ширум светот меѓу кои и последната „Princе of the World 2016“ и златен медал со уникатната креација на дизајнерката Ивана Каран.

Црнокосата убавица Ива Каранфиловска (6 години) - која со својата убавина и талент ги воодушеви присутните на ревијата на нашата дизајнерка (од која што исто така беше дел и Алек Роберт) која се одржа годинава во септември.

Дизајнерката имаше чест да дизајнира за Ивана Караџова од модната агенција Моделс Ин на чело со Алек Наумовски и Надица Георгиева, која во ноември како Лице на годината блесна на модната сцена во Сицилија.

Благодарение на соработката на мајката на Алек Роберт со Арт Компанија Нови ѕвезди, Македонија доби почесна покана и право на учество на еден од најголемите избори за детска мода во светот.

Македонија има можност да ги поддржи овие млади таленти со давање глас на оваа веб страница:

Објавено во мода и убавина | 26.12.2016 - 15:04
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Госпоѓице, јас можеби сум пијан, но наредното утро ќе бидам трезен, а Вие се уште ќе бидете грда. „

Винстон Черчил