Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Македонската традиција со модерен призвук во креациите на Евгенија Зафировска

Младата дизајнерка Евгенија Зафировска за прв пат го претстави досегашниот труд пред македонската публика.


По завршувањето на студиите на Факултетот за дизајн во Љубљана Евгенија Зафировска се претстави со сублимирана модна ревија во која ги спои досегашните три колекции изработени за време на студиите, вклучувајќи го дипломскиот труд. Вкупно 28 креации ја пренесоа нејзината креативна енергија во која се преплетуваат од модерни и егзотични до минималистички и традиционални елементи.Главна карактеристика на нејзиниот дизајнерски израз се асиметричните форми што таа вешто ги вклопува во носливи парчиња. По претставувањата во Љубљана, Белград и Франкфурт, меѓу другите, ова беше прво претставување на нејзиниот целокупен труд пред македонската публика.
Зафировска се претстави со три колекции, различни во темата и изведбата, што кажува дека дизајнерката допрва ќе ги истражува нејзините креативни можности. Инспирациите за колекциите се движат од македонската традиција, преку елеганцијата на италијанската жена, до предизвикот на создавање модни парчиња со двојна функција во нејзината дипломска колекција.
„Нешто што навидум е неспоиво и невообичаено, перфорирана кожа преку која се отсликува македонската традиција. Мултифункционалноста во традиционалните модели инспирирани од македонската носија се вкрстува истовремено во капа и абажур на ламба“, беше најавата за дипломската колекција.
Зафировска вели дека продолжува со магистерските студии во Љубљана и ангажманите на разни манифестации ја носат кон странство, но нејзината главна инспирација останува во македонската култура.

Фото: MIladin Papovic Photography

 

 

Објавено во мода и убавина | 17.09.2015 - 11:53
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Некои луѓе никогаш не полудуваат. Колку ли им се ужасни животите. „

Чарлс Буковски