Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Модни додадоци за овој ноември

Ноември е скоро тука, време е да се релаксираме пред прозорецот со шолја лате и да уживаме во дождот и во палетата на есенски бои, но што кога треба да излеземе на попладневно кафе со другарките? Време е за промена во вашиот плакар. Ние имаме стратегија, со неколку парчиња облека да се прилагодите на студениот ноември и да нанесете нијанси од есен на вас :)

Pixel.mk

Прво, да тргнеме од најлесното. Ни требаат нови фармерки. Но не какви било стари фармерки, туку оној вид што истовремено оди со сè и го формира вашиот стил. Да, такви постојат. Малку подолу. Повеќенаменските чизми до глужд се задолжителни за оваа сезона, надополнети со очила за сонце во розевкаста нијанса. И не заборавајте на плетените џемпери, наметки и дуксери.

Издвоивме неколку парчиња облека подолу кои ќе ви олеснат уште повеќе при изборот на облека оваа сезона и ќе ја разбудат вашата креативна страна и желба да излезете и да направите некоја фотка надвор :)

1. Безвременски колан

Еден од најубавите детали е токму ваков колан. Тој е навистина безвременски, не многу танок, не многу дебел - таман :) Со совршена сребрена тока и боја на темно вино.

2. Пом Пом Капче

Плетено си е плетено, посебно со тоа слатко пуфче горе секоја девојка се претвора во мало девојче кое повторно ужива во есенските лисја и се радува на  дождот :) Не само што е во тренд, истовремено ова капче ја исполнува и својата функција :) Совршено!

3. Очила за сонце

Со розово - затемнети нијанси, нежни наочари се на врвот на оваа листа. Најмалиот детаљ, кој многу придонесува.

4. Клацични мокасини

На факултет? Мокасини. 

На работа? Мокасини.

На кафе? Мокасини.

Посебно во оваа боја, со минимални детали.

5. Кул дуксер

За кул чувство. Секојдневно парче облека која ве ослободува, со широко деколте. Нема да сакате да излезете од тој комфор кој истовремено е секси и предизвикува зависност :)

6. Реборн тексас фармерки

Еве вака изгледаат тие фармерки кои "одат" со сé! Тука не се работи само за винтиџ есенски стил, овие фармерки се навистина мултинаменски :)

7. Крзно и џемпер

Без разлика на временските услови ноември претставува месец на џемперите.

Со панталони на риги за преку ден и тесно здолниште на вечер. Во беж боја со крзно на ракавите, токму за овој период.

8. Широки панталони

Овие панталони во перфектна есенска боја со широки ногавици изгледаат неверојатно и со патики и со мокасини. 

9. Обетки во златкаста боја

Со фармерките и со џемперот би биле совршен комплет.

Неизбежно е дека се дополнување и за гламурозен изглед.

10. Удобни панталончиња

За викенди, дома, за прошетка во парк или за брзинско маалско кафе пред зграда. Овие панталончиња се спасот кога немате доволно време.

Објавено во мода и убавина | 20.10.2016 - 11:54
Тагови:

Лајкнете не на Facebook