Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Модните блогерки како стилисти во ревија на Рамстор мол

Три македонски модни блогови ќе бидат стилисти на ревијата со модни брендови застапени во „Рамстор мол“.

Во сабота, 30 мај, во 18 часот ќе се одржи модна ревија во рамките на настанот „Модна сабота“ на која блогерките од модните блогови Skopje Casual, Angela Dissected и Aлександрина Везилка ќе ги претстават нивните омилени модни комбинации за лето 2015. Во ревијата што ќе се одржи на вториот кат во холот на „Рамстор мол“ ќе бидат застапени модните брендови достапни во трговскиот центар, а за сите посетители покрај ревијата, ќе има специјални попусти и забава со диџеј. Модератор на настанот ќе биде Симона Николовска, а проект менаџерката Јана Марковска најави дека модели во ревијата ќе бидат Емилија Розман, Јана Миладинова, Наташа Ацевска, Моника Алексовска, Михаела Иванова, Рене Рајт, Леуарт Лека и Стефан Стоилков.

„Основната идеја за организирање на еден ваков настан е преку презентација на познатите модни брендови на Рамстор мол, да им се заблагодариме на сите посетители и да им понудиме еден поинаков моден перформанс. Преку оваа модна ревија сакаме да им помогнеме на сите лојални потрошувачи во нивниот избор за најдобра летна комбинација“, изјави за Пиксел.мк Јордан Колевски од маркетинг службата на „Рамстор мол“.

На прашањето зошто ги избрале токму модните блогерки да бидат стилисти на ревијата тој рече:

- Првенствено поради нивниот влог, љубов и желба за модата. Овој настан “ Модна сабота “ е одлично место за промоција и презентација на сета нивна креативност. Секогаш се во чекор со сите светски модни случувања и трендови и на секој осмислен стил даваат сопствен претпознатлив моден печат.

Ангела Јаневска од блогот Angela Dissected е позитивно возбудена за настанот.

„Благодарение на Рамстор мол, денес го имав првиот фитинг, а утре ќе видам како изгледа моја идеја да прошета по писта. Оваа прилика ми е особено драга не само затоа што е еден навистина забавен процес, туку и затоа што е првата модна ревија организирана од македонски блогери, нешто што се надевам дека почесто ќе го гледам кај нас“, изјави Ангела.

Објавено во мода и убавина | 29.05.2015 - 20:51
Тагови:

Лајкнете не на Facebook