Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Олгица Ѓоргиева на #FWSK13: Сензуално будење на сетилата

Колекцијата пролет-лето 2016 на Ѓоргиева расцвета на пистата на првата вечер од Модниот викенд Скопје.

Олгица Ѓоргиева е редовно дизајнерско име на Модниот викенд Скопје што секогаш разгорува интерес кај публиката.

Препознатлива по елегантните силуети со суптилна сензуалност, дизајнерката овојпат прикажа колоритно разиграна колекција што ги буди сетилата како пролетен ветер.

Силуетите во колекцијата „Senses“ се чисти и ја следат линијата на телото, а палетата на бои во која доминираат црвената, белата, зелената и црната боја, како и деликатните доработки на материјалите јасно ја одразуваат намерата на дизајнерката да го долови будењето на пролетта и на сетилата.

Pixel.mkPixel.mkPixel.mkPixel.mkPixel.mk

Дизајнерката која вешто ги преточува светските трендови преку за неа карактеристичните женствени силуети овојпат одушеви со здолништата и фустаните на преклоп што ќе останат запаметени од оваа колекција.

Нејзините креации се свежи и модерни, а истовремено безвремено елегантни и носливи.

Првата ревијална вечер на која се претстави Ѓоргиева ја отвори дизајнерката Росица Мршиќ, а ја заокружи ревијата на Силвија Михајловска („Алшар“), по што следеше забава под маски на која гостите се забавуваа на хитовите од 80-тите, во стилот на годинашното мото на FWSK „Да живеат осумдесеттите!“

Модниот викенд Скопје продолжува вечерва на истата локација, а за распоредот на настани може да се информирате тука.

Фото: Miladin Papovic Photography

Објавено во мода и убавина | 02.04.2016 - 12:42
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Прво мора неколку пати да умреш, за навистина да живееш. „

Чарлс Буковски