Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Прва модна линија на дизајнерката на накит Еми Норис

Капсулната колекција „Фанкахолик“ се состои од десет уникатни парчиња облека и неколку парчиња накит.

По четири години активност во областа на дизајнот на  накит Еми Норис ја промовира нејзината прва модна линија насловена „Фанкахолик“.

Капсулната колекција и се состои од 10 уникатни парчиња облека што може меѓусебно да се комбинираат, како  и неколку парчиња накит.

„Колекцијата е младешка и бунтовна но во исто време женствена и секси. Се однесува на урбаната жена бунтовник. Има влијание од панкот во  деталите како: нитни,патенти, синџири,тартан (карирани) дезени... Како концепт е своевидна  корелација  меѓу модата и социјалниот дизајн. Има за цел да го подигне нивото на свеста за улогата на модата и стилот во развојот на општествена одговорност“, вели дизајнерката.

Материјалите од кои е изработена колекцијата се исклучиво природни и полуприродни: памук, вискоза и слично, а накитот е изработен од текстил, метал, нитни, акрилик и слично.

Застапени се црната, белата, сребрената и црвената боја, како и тартан и крупни текстуални принтови.

Pixel.mkPixel.mk
    
Ова е трет проект од областа на моден дизајн за Еми Норис.

Првиот беше во рамките на обуката за моден дизајн кај Никола Ефтимов, колекцијата инспирирана од хистеријата и Бел Епок беше промовирана на модна ревија во Музејот на Современа уметност, Скопје 2002 година.

Вториот беше дизајн на етно костим за етаблираниот хор Св.Злата Мегленска, за првпат прикажан на УНЕСКО концертот за мир во април, 2009 година во театарот „Фениче“ во Венеција, Италија.

Колекцијата ќе биде достапна во концептуалната продавница  на центарот за дизајн Јавна Соба  како и онлајн на сајтот www.eminoris.mozello.com

Со оваа колекција Еми Норис го највува  учеството на саемот за современа уметност и дизајн Паратисима Скопје каде таа се претставува по трет пат.

Паратисима годинава ќе се одржи од 10-12 јуни, 2016 во МКЦ, а куратор за мода ќе биде дизајнерката Ирина Тошева.

Pixel.mkPixel.mkPixel.mkPixel.mk
Фотографија: Еми Норис
Модел: Катерина Микрут

Објавено во мода и убавина | 03.05.2016 - 16:03
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Зад секој успешен маж стои жена што превртува со очите. „

Џим Кери