Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип
Нова фото приказна на Ирина Тошева и Миладин Паповиќ

Се појавија жар птици на нашите покриви

Објавена е фото приказната за колекцијата „Жар птица“ за есен зима 2016/2017 на модната дизајнерка од која се бара парче повеќе, Ирина Тошева. 

Фото приказната за „Жар птица“ на Ирина Тошева ја изработи познатиот македонски фотограф Миладин Паповиќ. Шминката инспирирана од различни видови птици е на Виктор Мирчевски, а фризурата на Дарко Петковски. Модели се Ангелина Блажевска, Бојана Нушкова и Ивана Васовска. Графичкиот дизајн е на  Игор Делов. 

Инспирацијата за колекцијата  е жар-птицата која  живее во светот на приказните од словенскиот фолклор што дизајнерката ги проучуваше како дел од нејзиниот креативен процес. Оваа волшебна птица што сјае и доаѓа од далечна земја е и благослов и носител на несреќа на оној што ќе ја фател. Нејзината потрага е пресликана во новата колекција, а фото приказната ни покажува дека таа птица живее на нашите покриви. „Сите имаме по некоја „своја“ жар-птица. Од нас зависи дали ќе ја заробиме или пуштиме слободно да лета.“ – изјави Тошева.Во фото сесијата жар птиците се сместени на скопските покриви. Слободни се и се одмораат од нивното бегство. Вака креативниот тим го објасни својот продукт за време на вчерашната промоција. 

 Колекцијата беше претставена и на Модниот викенд Скопје. Тоа беше 10та ревија по ред на Ирина Тошева на овој настан и затоа „Жар птица“ претставува  резиме на различни елементи од нејзините досегашни дизајни и симболично е составена од 10 женски изгледи изработени од 100% памук, памучно платно и кепер. Колекцијата е одлично надополнета со разнобојни чорапи на Ла Дама и чевли на Шантел. 

Колекцијата е достапна за продажба во ателјето на Ирина Тошева во ГТЦ Скопје, во „Wonderlust“ на ул. „ Македонија“  и на www.irinatosheva.com. 

Објавено во мода и убавина | 24.11.2016 - 09:37
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Црна мачка што ти го пресекува патот значи дека животното оди некаде. „

Гручо Маркс