Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Секси синило во „Енхалон“ на Ирина Тошева

Познатата македонска дизајнерка Ирина Тошева ја претстави колекцијата пролет-лето 2015 на втората вечер од 11. Моден викенд Скопје.

  • Тошева е едно од најредовните дизајнерски имиња на Моден викенд Скопје и публиката оправдано со нетрпение ја чекаше нејзината нова колекција за која, како и секогаш, доволно нè заинтригира пред ревијата со детали од материјалите и основната инспирација. Новата колекција за престојната сезона пролет-лето повторно беше тематски издржана модна приказна на Тошева која преку силниот колорит на езерото, разиграните кроеви и силуетата на езерската јагула создаде креации што длабоко го носат нејзиниот дизајнерски печат, но овојпат издигнати на едно ново, пософистицирано, елегантно ниво.

    Дизајнерката која секогаш точно го наслушува пулсот на младата модна публика со „Енхалон“ го проширува доменот на нејзината клиентела. Нејзиниот израз кој постепено еволуира синоќа го видовме созреан на следно ниво, со изразено женствени силуети во природни принтови совршено поставени во контрапункт со остри шлицови и суптилна асиметрија. Мекиот сензуален памук и сјајниот штоф сатен одлично беа пресликани во елегантни панталони со висок струк, секси фустани, pencil здолништа и совршено скроени сакоа во женските модели и две креации за мажи што досега беа единствените парчиња машка мода што ги видовме на ревиите за престојната сезона. Колекцијата беше вешто надополнета со чевли на „Шантел“ и накит и часовници на My:time што одлично ја заокружија приказната за која Тошева се инспирираше од синилото на езерото и прекрасната Струга. Како и досега, Тошева ја презентираше колекцијата во ритамот на македонската музика и овојпат колекцијата се брануваше на музиката на бендот The John.

    „Енхалон“ е созреана колекција на дизајнерката која уште еднаш потврди дека не се плаши да експериментира и секогаш пласира креации со мајсторска изработка и квалитетни материјали. Аплаузот и овациите од публиката беа доволен доказ дека Тошева со сигурност ќе успее со Енхалон да ја импресионира и публиката во Љубљана каде ќе се претстави на Модната недела подоцна овојмесец како прв македонски дизајнер кој учествува на овој престижен моден настан. Наскоро на Пиксел.мк ќе може ексклузивно да го видите и едиторијалот снимен за „Енхалон“.

    Текст: Александра Спасеска

    Фото: Miladin Papovic Photography

  • pm
     
     

     

Објавено во мода и убавина | 05.04.2015 - 15:26
Тагови:

Лајкнете не на Facebook