Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Смела, секси, авангардна колекција на "Mustela Ermin"

Ревијата на брендот „Mustela Ermin“ вчеравечер означи старт на тридневното модно случување во Музејот на современата уметност во Скопје.


Ира Алексовска која ја потпишува етикетата „Mustela Ermin“ претстави вкупно 24 креации за сезоната пролет-лето 2016 година како дел од претставувањето на талентите од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“.

Колекцијата што беше претставена во Музејот на современата уметност во Скопје изобилува со асиметрични кроеви во лелеави силуети изведени во впечатливи луксузни материјали, со смели исечоци и длабоки шлицови.

„Жените на кои им е наменета мојата колекција се бестрашни бидејќи се соочиле со препреки и ги надминале останувајќи непоразени. Имаат самодоверба и не се плашат да привлечат внимание во јавноста носејќи смел, секси, авангарден аутфит“, вели Алексовска.

Pixel.mkPixel.mk

За фризурата на манекенките се погрижи Адо Хамзиќ од „Hairdo Salon“ а за шминката Дарко Мишовски.

Ревијата на „Mustela Ermin“ во организација на Моден викенд Скопје, беше поддржана од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ и Амбасадата на Р. Франција во Македонија.

Вечерва со почеток од 20:30 часот следува ревијата на „MARKOV“ .

По ревијата посетителите од 22 часот ќе се забавуваат во ресторанот „SushiCo“ .

Фото: Ани и Дими

Објавено во мода и убавина | 13.05.2016 - 11:03
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Коа купуваш Full HD телевизор, пушти го Гоце Арнаудов прво за да видеш дали се гледат сите 5 милиони бои на кошулата. „

@superextrabonus