Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Софистицирана модна забава со Мила Кадриу

Дизајнерката ја прикажа колекцијата пролет-лето 2016 во нејзиното ново ателје.

Градот постојано дише во ритам на модата, а вибрациите синоќа доаѓаа од новото ателје на дизајнерката Мила Кадриу која со моден перформанс ја претстави колекцијата пролет-лето 2016 насловена Girls Nigt Out.

Девојките навистина знаат да се забавуваат, посебно кога се облечени во македонски дизајн.

Вкупно 15 креации од новата колекција продефилираа пред присутните гости низ кои имаше новинари, личности од јавниот живот, дизајнери, модни блогери и секако, верните клиенти на дизајнерката.

„Колекцијата Girls Night Out е  посветена на ноќниот живот. Ја создадовме за сите урбани девојки кои во своите вечерни излегувања сакаат да внесат гламур но и едноставност во облеката која ја носат. Низ колекцијата доминираат златната, белата и темно сината боја надополнети со бели, бледо розеви и црни детали. Чипката и кожените детали се провлекуваат низ дизајнот на геометриските форми“, рече дизајнерката која работи под брендот „MCouture by Mila Kadriu“.

За шминката на манекенките се погрижи Зоран Шурбевски со тим на мејкап апртисти додека за фризурите беа задолжени Војкан Андреевски од студиото за убавина „Fashion VA“ и „Studio Mio“.

На отворањето беше презентиран и најновиот официјален каталог-сублимат од последното тринаесетто издание на Моден викенд Скопје, сезона пролет-лето 2016 година.

Новиот моден салон „MCouture by Mila Kadriu“ се наоѓа на булеварот „Партизански одреди“ бр.102 1-2/6 (во зградата до бензинската пумпа „Окта“).

Pixel.mkPixel.mkPixel.mk

Фото: Ани&Дими

Објавено во мода и убавина | 06.05.2016 - 14:02
Тагови:

Лајкнете не на Facebook