Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Студентите na Лидија Георгиева го отворија вториот ден на Моден викенд Скопје

Како да создадеш ревија што ќе се памети? Со балетска точка снимана со дрон! А тоа најдобро го покажаа студентите од Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје под водство на професорката Лидија Георгиева.

Студентите од насоката за Дизајн и текстилно инженерство во соработка со студентите од катедрата за Прехранбена технологија и биотехнологија ни претставија вистински спектакл на вториот ден од Модниот викенд скопје во хотел Мериот.

Целата ревија беше резултат на напредно и креативно размислување што секако им остави впечаток на сите присутни.

Дел од креативните приказни што ни беа сервирани беше и ревијата на Дејан Тодоровиќ кој по втор пат доаѓа на Моден викенд Скопје и ни ја претстави колекцијата  “Look@me, наменета за силните жени.

Најмногу се зборуваше за капутите, модели што им одговараат токму на оние жени што го одземаат здивот на сите околу нив.

Пофалба и за изборот на бои, кои освен класичната црна, ни нудат и опции за малку пошарена зима.

Креаторката Флора Елези пак, се претстави со топла есенска колекција со златни и сребрени нијанси и исто толку маркантни материјали.

Акцент и беше ставен на сензуалната, но и нежната страна на жената.

ФОТО: Миладин Паповиќ

Pixel.mk
Pixel.mk
Pixel.mk
Pixel.mk
Pixel.mk
Pixel.mk
Pixel.mk
Pixel.mk
Pixel.mk
Pixel.mk
Pixel.mk
Објавено во мода и убавина | 01.11.2016 - 17:35
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Патувањето најдобро се мери во пријатели, а не милји  „

Тим Кахил