Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Учениците на Изет Цури со самостојни ревии во Музејот на современа уметност

Институтот Изет Цури во три модни вечери ќе ги претстави колекциите на „Mustela Ermin“, „MARKOV“ и „AMRA“.

Балконот на Музејот на современата уметност во Скопје е локацијата на која од 12 до 14 мај, ќе се одржуваат ревиите на „Mustela Ermin“, „MARKOV“ и „AMRA“ зад кои стојат талентираните студенти од Меѓународниот институт за мода Изет Цури.

Модните вечери во организација на Моден викенд Скопје ќе започнат со ревијата на брендот „Mustela Ermin“ на 12 мај со почеток во 21 часот.

„Жените на кои им е наменета мојата колекција се бестрашни бидејќи се соочиле со препреки и ги надминале останувајќи непоразени. Имаат самодоверба и не се плашат да привлечат внимание во јавноста носејќи смел, секси, авангареден аутфит“, вели Ира Алексовска која стои зад „Mustela Ermin“.

Наредната вечер, на 13 мај од 20:30 часот е закажана ревијата на „MARKOV“  чија колекција претставува следствено продолжение и еволуција на креативната мисла од претходната колекција која ја прикажа лани во рамките на Моден викенд Скопје.

Новата колекција наречена „Prêt-à-porter féminin de luxe party deux“ е наменета „ за идеална жена, извор на постојана инспирација, личност која цени високо квалитетно изработени парчиња гардероба со маркантен печат во кој е застапен суптилен елемент на ексцентричност и доза на авангардност. Гардероба која има цел да го намами окото на набљудувачот, совршена не само за посебни пригоди и осмислена одлично да се вклопи со џинс и останати елементи од секојдневната гардероба. Мода наменета за храбри, урбани личности со силно изразена индивидуалност“, вели Игор Марков за својата колекција на која работеше изминатите шест месеци под менторство на Изет Цури.

По ревијата на „MARKOV“, посетителите ќе се забавуваат на забава закажана во „SushiCo“ во 22 часот.

Во сабота, на 14 мај, од 21 часот ќе биде претставена колекцијата на „AMRA“ поддржана од Меѓународниот институт за мода Изет Цури, Француски институт во Скопје, Амбасадата на Р. Франција во Македонија и Општина Чаир.

За присуство на ревиите како и за забавата во „SushiCo“ задолжителни се покани.

Објавено во мода и убавина | 11.05.2016 - 11:51
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Запомни: секогаш биди свој. Освен ако не си ужас. „

Џос Ведон