Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

За претстојната празнична сезона Елена Лука дизајнираше елегантни свечени креации

Во пресрет на празниците, модната куќа Елена Лука дизајнираше специјализирана линија свечени аутфити во духот на празничната атмосфера.

„Овој период од годината, традиционално креираме уникатна линија на облека со еден посебен,

празничен карактер што го заокружува позитивното расположение околу празниците. Секој дизајн

има свој препознатлив естетски печат, со што секоја креација е одраз на различниот стилски идентитет на жените. Како најава за оваа линија, направивме фотосесија со Викторија Јаначковиќ

која со својата исклучителна енергија го оживеа секој модел пред фото објективот токму онака како што и замислувавме“, изјави Елена Пандева, сопственичка и генерален менаџер на модниот бренд Елена Лука.

Елегантната и префинета естетика го дефинира дизајнот на креациите во широка палета на бои со акцент на интензивните нијанси како црвена, зелена, сина, виолетова...

Линијата на кроевите варира од нежни, суптилни и женствени силуети до деликатни и артистични форми, што се одраз на различниот карактер и стилски идентитет на жените.

Покрај елегантните макси тоалети што ја следат линијата на женската силуета, застапени се и комбинезони со фокус на рачно доработуваните детали, слоевити комбинации со транспарентни здолништа, фустани со корсетиран горен дел, како и миди здолништа и фустани во А крој.

Како најава за оваа свечена линија, Елена Лука направи фото едиторијал со нашиот познат модел Викторија Јаначковиќ.

„Пред сѐ, секогаш ми е големо задоволство кога соработувам со Елена Лука. Професионалноста и ефективноста секогаш одат заедно. Мислам дека девојчето од модните писти прерасна во жена која знае што не сака, а колку многу го сака тоа што го сака. Преку оваа фото сесија прикажавме жена која е моќна, која успева пред сите предизвици и борби кои ги наметнува темпото на живот, како и нејзината независност. Таа е своја, префинета и нежна. Секако таа не смее да си дозволи никогаш да го изгуби детето во себе“, изјави Јаначковиќ која досега повеќепати има соработувано со Елена Лука.

Како надополнување на овој свечен програм, Елена Лука ви ја препорачува и линијата на елегантни зимски капути со што комплетно се заокружува еден уникатен изглед.

Pixel.mk
Pixel.mk
Pixel.mk
Pixel.mk
Pixel.mk
Објавено во мода и убавина | 26.11.2017 - 23:28
Тагови:

Лајкнете не на Facebook