Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Заврши #FWSK 13: Да живее модата!

Со микс на домашни и странски, етаблирани и млади дизајнерски имиња и брендови се заокружи 13. Моден викенд Скопје.

Третата и последна ревијална вечер на FWSK сензационално ја затвори македонската дизајнерка Лидија Георгиева со ревија и перформанс во салонот „Порше Македонија“, а претходно се претставија косовските дизајнерки Дренуша Џара и Јилка Брада, поддржани од USAID EMPOWER Kosovo & Kosovo Apparel Marketing Association – KAMA, Златко Јовановски, Никола Петровски и брендот за накит „Sigma Jewelry“.

Џара ја презентираше колекцијата „Златна ера“ за актуелната сезона, додека Брада дебитираше пред македонската публика со колекцијата „Tradern“, за есен/зима 2016/2017.

Pixel.mkPixel.mkPixel.mkPixel.mkPixel.mk

Младиот дизајнер Јовановски презентираше 15 креации во кои доминираат златни и сребрени тонови од колекцијата “JZJ’s KINGDOM”, надополнети со маски, шапки и други аксесоари.

Никола Петровски кој годинава одбележува 20 години од својата прва ревија, на модното шоу симболично претстави 20 креации од претходните колекции и 20 модели од новата колекција „Bocho Chic“, за есен/зима 2016/2017, поддржана од „ПроМедика Естетик“. Инспириран од модните икони на 70-те, Петровски презентираше зрела колекција, богата со дезени и женствени силуети, доследна на јубилејот од 20 години. Високи шлицови, длабоки деколтеа и разголени половини, како и високи околувратници и здолништа до под ги карактеризираа парчињата со силен призвук на бурната и колоритна деценија од која се инспирирал дизајнерот кој редовно се претставува со колекција за идната сезона.

Pixel.mkPixel.mk

Познатиот бренд „Sigma Jewelry“ ги прикажа новите ексклузивни парчиња италијански накит на својата прва ревија на Моден викенд Скопје. Колекцијата за пролет/лето 2016 е достапна во продавницата во ГТЦ.

Pixel.mkPixel.mk

Колекцијата The Cherry Blossom на Георгиева беше совршен избор за заокружување на уште едно издание на најголемиот моден настан во земјава. За шминката на манекенките се погрижи официјалниот мејкап партнер „Golden Rose“ во соработка со Зоран Шурбевски и тимот на мејкап артисти а за фризурите „Lakme“ во соработка со Едукативниот центар „Кариера Плус“.

На тринаесеттиот Моден викенд Скопје, под мотото „ Да живеат осумдесеттите!“ беа презентирани вкупно 13 ревии, а наскоро се очекува и отворањето на новото ателје на „MCouture by Mila Kadriu“.

Фото: Miladin Papovic Photography/Ani&Dimi

Објавено во мода и убавина | 04.04.2016 - 22:33
Тагови:

Лајкнете не на Facebook