Сите имаме по некоја „своја“ жар-птица. Ќе успеете ли да ја фатите? Ќе ја заробите или ќе ја пуштите слободно да лета? Ова е јубилејно, десетто претставување на Ирина Тошева на Моден викенд Скопје.
„Кога по десетти пат телото само ви игра пред да тргне првиот модел, знаете дека правите нешто вистинско.“ – изјави екслузивно за Пиксел Ирина Тошева токму пред почетокот на нејзината ревија.
Она што ревијата на Тошева ја издвои беше атмосфетата на прославување што се преслика и на сцената. Моделите на пистата вистински се забавуваа, наздравуваа и ги презентираа модните креации во реален контекст на коктел забава.
Важно е да се напомене дека ова е 10-ти јубилеен настап на Тошева и 10-ти пат како се воодушевуваме на нејзиниот креативен ум и весели креации.
Игривоста на целата презентација беше само дополнителен плус во оставањето позитивен впечаток, и нешто што и онака го очекувавме од оригиналната дизајнерка.
Неспорно е да се каже дека и ова издание на Модниот викенд Скопје имаше одлична завршница.
Во очекување сме и на новиот едиторијал за колекцијата кој треба да се појави до крајот на ноември.
Фото: Миладин Паповиќ