Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Како аеродромите во САД ги забавуваат патниците

Неколку аеродроми во САД смислиле нова стратегија за развеселување на патниците во огромни редици: кловнови (дискутабилно расположување, ама ок), понија и шарени лижавчиња.

Претставништвото на Меѓународниот аеродром Синсинати/Северно Кентаки во САД изјави дека за жал компанијата не може да влијае врз менување на безбедносните процедури, но затоа прави се што може за да го олесни „страдањето“ на патниците.

Од таа причина, на аеродромот донеле понија, пренесува Њујорк Пост.

„Животните го смалуваат нивото на стрес и анксиозност и ги тераат луѓето да се смеат. За разлика од животните во полициската служба кои не смеат да се допираат, терапевтските животни можат да се галат, па дури и гушкаат“, изјавила портпаролката Минди Кершнер.

Аеродромот во Сан Диего пак, има малку поинаков пристап - нивните патници ги развеселуваат кловнови.

„Најмивме група кловнови од циркусот со желба некако да ја олесниме фрустрацијата на патниците. Пропуштениот последен лет за Лондон веројатно ќе биде малку поподнослив ако успееме да ги насмееме патниците“, изјавиле претставници на аеродромот.

На помалку познатите аеродроми се употребуваат поедноставни методи - на пример, на Меѓународниот аеродром во Денвер, на патниците им се делат лижавчиња и слатки.

Објавено во патување | 19.05.2016 - 15:48
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Госпоѓице, јас можеби сум пијан, но наредното утро ќе бидам трезен, а Вие се уште ќе бидете грда. „

Винстон Черчил