Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Најромантичните европски градови

Доколку доцна ви текна да прошетате за Денот на вљубените, искористете го 8-ми март за да прошетате по некои од најромантичните дестинации во Европа. 

Амстердам

Ниеден град во Европа не може да се мери со романтичната аура на главниот град на Холандија. За најромантично искуство, изнајмете брод со опција за спиење и уживајте во автентично искуство на каналите. Доколку сакате да го посетите за 8-ми март, туристичката агенција Папилон има супер понуда!

Париз

Листата на најромантични европски градови не би била комплетна без градот на светлината - Париз. Како ви звучи пиење шампањ под Ајфеловата кула со одбрано француско сирење? За овие „подалечни“ дестинации при рака ќе ви дојде брз кредит како оној на Forza, за целосно да може да уживате во раскошот на овој град.

Прага

Романтичната страна на Прага секоја година ја откриваат илјадници туристи од целиот свет. Неизбежниот шарм и зачудувачката архитектура се само дел од причините заради кои треба да го посетите овој град.

Будимпешта

Иако е еден од најпотценетите европски градови, Будимпешта е и еден од најромантичните. Уживајте во интересната унгарска кујна или напијте се чаша вино на некои од многубројните „rooftop“ локали.

Виена

Австриската престолнина е полна со шарм - империјална архитектура, кочии, вечери поминати на опера и дневни патувања до кралските резиденции. 

Објавено во патување | 13.02.2017 - 13:17
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Некои луѓе никогаш не полудуваат. Колку ли им се ужасни животите. „

Чарлс Буковски