Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Што рековте ве спречува да патувате?

Мускулната дистрофија на Кеван Чендлер е причината што е во инвалидска количка, но не е причината да не планира патување низ Европа, со финта.

Финтата: Чендлер нема да патува со ранец, туку ќе биде ранец.

„Моите пријатели сакаат да ми го овозможат ова“, изјавил Чендлер за четворицата пријатели кои ќе одат со него на патувањето. Тие покренале и GoFundMe кампања за да ги покријат трошоците за патувањето и направиле блог наречен We Carry Kevan каде што планираат да постираат новости за патувањето во Ирска, Англија и Франција.

Пријателите на Чендлер и претходно го имаат носено на патување, па знаат колкав е предизвикот, но сепак се решиле на тој чекор.

„Кеван тежи околу 30 килограми. Носењето не звучеше како лоша идеја до првите 10-15 минути“, изјавил еден од пријателите.

Сега, си ја зголемуваат издржливоста со кревање тегови и вежбање за да се подготват за патувањето во јуни, а планираат и да снимат документарец.

А Кеван, кој најчесто пишува приказни за жртвување и љубов, едвај чека да ги види двете земји кои ги инспирирале двајцата негови омилени писатели - Толкин и Ц.С. Луис.

Исто така, се надева дека ќе инспирира и други инвалидизирани лица и ќе ја покаже важноста на саможртвувањето.

„Сите сме скршени на некаков начин, и на сите ни е потребен нашиот товар за да се држиме и помагаме, а тоа бара многу саможртвување“, изјавил тој.

Објавено во патување | 21.03.2016 - 09:30
Тагови:

Лајкнете не на Facebook