Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Кој сака платен одмор без технологија?

Американска компанија им нуди 7.500 долари на вработените за одмор, со еден услов - мора да се тргнат од сите електронски уреди додека се на одмор и воопшто да не помислуваат на работа.

Извршниот директор на компанијата FullContact, Барт Лоранг, објаснил дека овој пристап има многу предности.

„Мнозинството од нашите вработени се прилично опуштени кога ќе се вратат од таков одмор. Навистина е важно да се оддалечиме од машините и друштвените мрежи и повторно да станеме луѓе. По цел ден сме поврзани со технологија, што влијае на тоа колку добро можеме да искусиме среќа, љубов и креативност“, изјавил тој.

И покрај тоа што скоро сите ние автоматски би ја прифатиле понудава без размислување, во светот има многу луѓе кои не можат да се откажат од технологијата, дури ни на неколку дена.

А која група најлесно „оди офлајн“? Резултатите од едно неодамнешно истражување покажале дека тоа се миленијалците, односно луѓето помлади од 35 години.

Објавено во работа | 01.07.2016 - 09:59
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Госпоѓице, јас можеби сум пијан, но наредното утро ќе бидам трезен, а Вие се уште ќе бидете грда. „

Винстон Черчил