Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Десетто државно првенство на бармени во Македонија

Македонија избира, светот ќе проба! Македонија по десети пат оваа година ќе ги избере најдобрите бармени кои ќе ја претставуваат државата на Светското првенство во Копенхаген, Данска. Оваа година првенството ќе се одржи во Скопје Мериот Хотел, на 28 март со почеток во 11 часот.

Како и досега, бармените ќе се натпреваруваат во две категории, класична подготовка на коктели и „флертендинг“ што подразбира жонглерски акробации со барската опрема. Натпреварот е поделен на два дела, квалификации и финале во кое учество ќе земат најдобрите 12 натпреварувачи. Натпреварувачите се оценуваат од две комисии, технички судии и „тестинг“ судии.

Новина оваа година е што натпреварувачите треба да подготват коктел во категоријата во која ќе се натпреваруваме на Светското првенство на бармени, односно категоријата Long Drinks.

Здружението на бармени на Македонија испраќа отворена покана до сите заинтересирани да дојдат на 28 март во Мериот Хотел за да ги поддржиме луѓето кои секојдневно ги среќаваме во баровите, ни ги подготвуваат пијалоците и несвесно ни помагаат светот да го гледаме низ призмата на добриот вкус.

Оваа година, Здружението на бармени на Македонија со помош на спонзорите, обезбеди на првенството да се одржат и два семинари. Првиот семинар е на тема „Oбука на барскиот персонал и ефективност на бармените“ кој ќе содржи и презентација на нови коктели со Ketel One вотка и Bulleit бурбон. Oвој семинар ќе го води Ники Неиков – бренд амбасадор за Diageo Reserve - Бугарија.

Вториот семинар е презентација на Angostura рум, кој е нов на нашиот пазар и подготовка на  коктели со него. Семинарот ќе го води Мате Ксатлос, бренд амбасадор за Angostura рум од Данска. Со тоа, покрај натпреварувачкиот дел, учесниците и присутните ќе имат можност да запознаат нови техники на подготвување на коктели и нови комбинации на вкусови.

Ова првенство не би било возможно без генералниот спонзор Гемак Трејд, како и останатите спонзори АВТ, ХМ Спиритс, ДИЕМ, Ред Бул и Скопје Мериот Хотел.

 

Сите информации околу критериумите, правилата на учество, пријавување и листата на спонзори и пијалоци кои ќе бидат достапни за натпреварувачите може да ги видите на www.bar.mk

ПРОГРАМА НА ДЕСЕТТО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА БАРМЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: 

10.00

Доаѓање на натпреварувачитеи лотарија за редослед на натпреварувачите

10.30

Подготовка и припрема на натпреварувачите

11.00-13.30

Квалификации

13.30-14.00

Пауза

14.00-15.00

Семинар Ангостура

15.00-16.00

Семинар Diageo Reserve

16.00-16.20

Прогласување на финалистите

16.20-17.40

Финале Класика и Флертендинг натпревар

17.40-18.00

Прогласување на победници и затворање на натпреварот

Објавено во разно | 22.03.2017 - 13:22
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Прво мора неколку пати да умреш, за навистина да живееш. „

Чарлс Буковски