Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

ЈП Паркинзи на Општина Центар и „Анима Мунди“ организираат голема хуманитарна забава

ЈП Паркинзи на Општина Центар и здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ организираат голема хуманитарна забава за стерилизација на бездомните кучиња на територија на Општина Центар.

Со стерилизација животните живеат подолг и поздрав живот. Стерилизираните живтни имаат смирен хормонален статус и не се здружуваат во глутници, се намалува нивното размножување и се намалува бројката на луѓе на кои им пречат животните.

Со оваа хуманитарна акција сите заедно можеме да ја подигнеме свеста и да го спречиме неконтролираното размножување на бездомните кучиња во Општина Центар.

Хуманитарната забава ќе се одржи во Брик бар на 19.05.2017 година (петок) со почеток од 21:30 часот.

ЈП ПОЦ ги поканува сите граѓани кои се во можност да дојдат и со секој купен пијалок или доброволен прилог во кутиите за донации да помогнат во најголемата акција за стерилизација на бездомните кучиња на територија на Општина Центар со што заедно ќе помогнеме трајно да се реши проблемот со бездомните кучиња во општината.

Објавено во разно | 19.05.2017 - 12:25
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Патувањето најдобро се мери во пријатели, а не милји  „

Тим Кахил