Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Коктели пиеме и во зима

Ладното време не е причина да се затворите дома и да заборавите на добрата забава. Кој е подобар начин да го загреете телото ако тоа не е со добар коктел или добра музика која ќе ви го обземе телото? 


 Да, добро разбравте, коктели пиеме преку цела година. Ги рушиме стереотипите и бариерите, им пркостиме на правилата и гласно велиме, коктелите не се само за на плажа. Постојат многу вкусни коктели кои се создадени за во зима.

Најдобриот бармен во Македонија, Филип Арнаудов советува кои коктели се одлични за зимската сезона и кои најдобро одат во комбинација за добра музика и забава. Подгответе се за возбудлива коктел сезона, додадете нота шаренило на студените денови, помешајте ги вкусовите и сетилата и дозволете адреналинот да дивее на подиумот за играње.

Прв на листата го става своето ремек дело од коктел, коктелот Белегзија кој е посебен по својата комбинација на автентични македонски пијалоци, лозова ракија во комбнација со сок од јаболко и сируп од слатко од смокви и ванила сируп.

Следниот на листа е коктелот Rusty nail кој често може да се најде на коктел менијата низ градот и е совршен за загревање на телото. Комбинација од шкотско виски и шкотски ликер Drambuie кој е зачинет со мед и тревки. Коктел кој навистина ќе ве затопли и расположи во ладните зимски денови.


Доколку сте повеќе за вкус на јаворов сируп и бурбон тогаш изберете го Maple Old Fashioned коктелот. Овој коктел неодоливо потсетува на празнична атмосфера, со меки ноти на портокал и цреша.
Филип додава дека вкусовите се индивидуални, но вистинските авантуристи ги комбинираат.

Експериментирање со вкусови е рушење на бариери, одење кон непознато, чекорење кон возбуда. За да ја почувствувате вистинската забава, да се играте со адреналинот и да го истражите непознатото, Филип својот џиновски дух ќе ви го покаже на 25ти ноември во Мала Станица.  Бидете авантуристи, измешајте ги своите сетила и откријте кој е вашиот омилен зимски коктел.

Објавено во разно | 07.11.2017 - 14:07
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Зад секој успешен маж стои жена што превртува со очите. „

Џим Кери