Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Неколку факти по повод светскиот Ден на фотографијата

Денешниот ден е совршена прилика да го потсетите фотографот во друштвото дека уште не ви ги пратил сликите од Банско 2013-та. А и општо да се прослави денот на фотографијата.

Денот на фотографијата всушност го слави моментот во 1839-та година кога француската влада го купила патентот за најстариот начин на фотографирање и го направила бесплатен и достапен за целиот свет. Најстариот практичен фотографски процес бил наречен daguerreotype и бил измислен во 1837-ма година.

Најстарата позната перманентна фотографија била создадена преку посложен процес наречен хелиографија во 1826-та година. Експозицијата која била потребна за да се создаде фотографија тогаш траела 8 часа. Благодарение на дигиталните камери и смартфоните, секоја година се прават повеќе од 350 милијарда фотки.

На Фејсбук се закачени околу 250 милијарди фотографии. Првата фотографија од месечината била направена во 1851-ва година, а првата фотографија од темната страна била направена во 1959-та година.

Најраната употреба на зборот „фотографија“ била забележана во 1839-та година од астрономот сер Џон Хершел.

Објавено во разно | 19.08.2016 - 09:34
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Одете во рајот за климата, а во пеколот за друштвото. „

Марк Твејн