Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Одиме на европско првенство во футсал со „Алегрија“

Здружението на лица со дијабетес „Алегрија“ оваа година за првпат ќе учествува на светското првенство во футсал DiaEuro кое ќе се одржува од 24-ти до 31-ви јули во Сараево. Направивме муабет со претседателката на здружението, Рената Јакимовиќ.

Што е „Aлегрија“ и какви активности имате?

Здружението „Алегрија“ постои од 2012-та година, а целта за оформување на ова здружение беше да имаме повеќе активности за младите лица со дијабетес, оние кои што имаат тип 1 дијабетес, да имаме повеќе едукации, повеќе спортски активности, размена на искуства со цел подобро менаџирање на дијабетесот.

Освен европскиот турнир, што е нова активност на вашето здружение, дали претходно сте учествувале во некои спортски активности?

Почнавме со скопскиот маратон во 2012-та година, и оттогаш учеството на тој маратон ни стана традиција со сè повеќе учесници од година во година. Имаме учесници на 5-километарската трка, полумаратонци, но и маратонци. Освен тоа, секое лето се искачуваме на врвот на Водно, имаме турнири во одбојка на плажа, имаме едукативни активности и предавања, учествуваме на кампови во Македонија, но и во странство.

Како дознавте за европскиот турнир?

Оваа година сме дебитанти на ова првенство, и конечно имаме доволно луѓе и капацитет за да учествуваме. DiaEuro постои исто од 2012-та година, по завршувањето на Европското првенство во фудбал во Украина, а целта е да им се покаже на останатите дека и лицата со дијабетес можат активно да се занимаваат со спорт, па дури и професионално.

Во кој круг на репрезентации се наоѓа Македонија и каде ќе се одржи првенството?

Оваа година DiaEuro се одржува од 24-ти до 31-ви јули во Сараево, а ние ќе се натпреваруваме покрај 15 други репрезентации. Не се плашиме, но и не ги потценуваме противниците, сметаме дека можеме да се носиме рамо до рамо со останатите учесници.

Колку дијабетесот влијае врз спортската активност?

Спортот има многу позитивно влијание врз лицата со дијабетес. Спортската активност е многу важна за избалансирана гликемија. Спортот е она што ни помага во целиот менаџмент на дијабетесот.

Колку време тренирате и како тече еден вообичаен тренинг?

Тренинзите започнаа на 15-ти мај, тренингот трае еден час, се работи на техничката подготовка и спаринг тренинзи со други натпреварувачи. Во секој случај тренинзите се интензивни и момците даваат се од себе.

Објавено во разно | 04.07.2016 - 12:10
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Госпоѓице, јас можеби сум пијан, но наредното утро ќе бидам трезен, а Вие се уште ќе бидете грда. „

Винстон Черчил