Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Соопштение за јавност Конференција „Родово базирано насилство врз жени во спорт“

На 28.11.2017 г. во хотел Парк во Скопје се одржа конференција на тема „Родово базирано насилство врз жени во спорт“, во организација на Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, ТАКТ и Агенција за млади и спорт, со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија, а во рамки на кампањата „16 Дена активизам против насилство врз жени“.


На 28.11.2017 г. во хотел Парк во Скопје се одржа конференција на тема „Родово базирано насилство врз жени во спорт“, во организација на Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, ТАКТ и Агенција за млади и спорт, со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија, а во рамки на кампањата „16 Дена активизам против насилство врз жени“.

Говорници на конференцијата беа: Горан Никовски - редовен професор на Факултет за физичко образование, спорт и здравје, Силвија Митевска - параглајдеристка и Претседателка на ТАКТ, Дрита Ислами - атлетичарка, Милева Велкова - поранешна ракометарка, Ирена Андреевска - спортска новинарка во МТВ.

На конференцијата се говореше за постоењето на насилство и дискриминација во спортот, начините на справување со овие појави, потребата за справување со овој проблем и подигнување на свеста на населението за навремено препознавање и превенција на насилството врз девојчињата и жените во спортот.

Главни заклучоци беа дека е потребна едукација на младите за да може да го препознаваат насилството и да ги знаат начините на кои може да реагираат доколку се подложени на некој вид на насилство. Г-ѓата Велкова говореше за тоа колку жените и девојките и самите не се свесни и не обраќаат внимание на нивната дискриминација и за тоа колкава разлика постои во поддршката на машките и женските тимови, без разлика на нивните постигнати успеси. Г-ѓата Ислами истакна дека постои непотребно фокусирање на телата на жените, односно објективизација и сексуализација на женското тело.

Професорот Никовски ја напомена потребата од ратификација на Истанбулската конвенција и повеќе истражувања во однос на сексуално вознемирување во спортот. Потребно е воспоставување на механизми кои ќе бидат специфично наменети за помош и поддршка на жените и девојчињата во спортот кои се жртви на било кој вид насилство, а како примери за тоа беа посочени неколку земји кои имаат вакви механизми, како Хрватска, Унгарија, Германија итн. Примери за добри пракси од другите земји се: постоење на лица од доверба каде жртвите на насилство ќе може да се обратат за помош, воспоставен механизам за пријавување на случаи на насилство, направен прирачник за однос помеѓу тренери и спортистки и тн.

„Родово базираното насилство во спортот е сензитивна тема за која до сега се нема разговарано во нашата јавност. Еден од главните ризици е нерамномерната распределба на моќ помеѓу спортскиот работник и спортистката. Во Македонија има потреба од едукација на младите спортистки со цел да ги препознаат првите симптоми на насилството во спортот, како да постапат во тие критични моменти и каде да се обратат. Оваа конференција има за цел да извлече главни заклучоци и препораки со цел превенција и елиминација на родово базираното насилство врз жените во спортот“. – Силвија Митевска, Претседателка на ТАКТ.

Со поддршка на Елена Димушевска, Извршна директорка на Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство: Жените спортистки се изложени на различни форми на насилство за кои во нашата држава ниту се разговара, ниту се препознаени ниту пак има воспоставен систем за заштита на жртвите.

Преку своите активности во рамки на кампањата 16 дена активизам против насилство врз жените, Националната мрежа има за цел да ги отвори овие прашања и да ги потсети релеватните институции дека имаат обврска и одговорност да ги превземат сите неоходни чекори за да им овозможат нажените живот без насилство во сите сфери на нивното општествено живеење и делување.

Конференција на оваа тема беше организирана по првпат во нашата земја, како една почетна точка заподигнување на свеста за родово базираното насилство врз жените и девојчињата во спортот и иницирањена понатамошна дискусија и реакција за подобрување на состојбата во Македонија.

Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство е основана во 2010 г., од 27граѓански организации кои работат на превенција и борба против насилството врз жените и семејнотонасилство. Мисијата на Националната мрежа е координирано делување на граѓански организации во насокана унапредување на политиките и практиките за справување со проблемот на насилство врз жените и семејнонасилство.

ТАКТ е невладина организација за градење на мостови меѓу културите, борба против социјалните и родовитенееднаквости преку спортот и културните активности. Мисија на организацијата е градење поголеморазбирање меѓу заедниците и негување на взаемно прифаќање преку длабок пристап врз основа наинклузивни модерни и универзални принципи.

Објавено во разно | 29.11.2017 - 09:23
Тагови:

Лајкнете не на Facebook