Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип
македонски рецепти за гордеење

Традиционално слатко за оригинални македонски коктели

Нема ништо поубаво од моментот кога ќе откриеш дека во нашиот главен град Скопје постои толку кул место, со толку професионални и инвентивни бармени кои имаат измислено феноменален спој на традиционални македонски видови на слатко во рамките на нивните оригинални и автентични коктели.

Да, ние имавме таква ретка можност да го откриеме скриениот барски бисер наречен Speakeasy, да ги запознаеме сопствениците Дарко Ангелески и Филип Арнаудов и да видиме како тие успешно ги имаат вклопени прекрасните и традиционални македонски видови на слатко на ДИЕМ-ГП, најголемиот производител во Македонија, за да смислат и редовно да ги прават четирите нивни оригинални коктели.

Скриен во една стара и прекрасна автентична скопска градба барот Speakeasy надгледува кон фонтаната на Градскиот парк и функционира во таква пријатна атмосфера која ќе ве врати во времето на прохибицијата во Америка, во времето на познатите гангстери Ал Капоне, Лаки Лучијано, Наки Томпсон и сите други ликови кои денес несомнено ги знаете особено ако сте фанови на популарната серија Boardwalk Empire.

Во таква атмосфера, а и со добро расположение, имавме можност да снимиме и видео од подготовката на феноменалните коктели на Speakeasy. Видеото ќе го објавиме во првата недела од 2015-та, а дотогаш ќе ве оставиме да исплакнете очи во неколку фотографии направени за време на снимањето.

В.Р.

Фото: Димитар Атанасов

Коктел Белегзија

Коктел Snow Queen

Коктел Староградски

Објавено во разно | 29.12.2014 - 19:23
Тагови:

Лајкнете не на Facebook