Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Заживеј го романтичарот во себе за Св. Валентин во Скопје сити мол

На Ненси Реган,
Божиќ, 25.12.1981 година.

Почитуванa г-ѓа Р,
Јас сé уште не се чувствувам убаво што мора да отворите плик наместо подарок.
Има неколку сакани жени во мојот живот и на Божиќ, јас би требало да им подарам злато, скапоцени камења, парфем, крзна и чипка. Знам дека дури и најдобрите подароци, сепак, нема да го изразат начинот на кој што јас се чувствувам кон нив и колку е празен мојот живот без нив.

Првата е, се разбира, мојата „прва дама". Таа внесува толку благодет и шарм на се она што го прави, дури и формалните функции сјаат и се претвораат во забава. Се е направено со класа. Се што треба јас да направам е да се истуширам и да се појавам.Има уште една жена во мојот живот, која прави работи кои не ги гледам секогаш, но слушам за нив и понекогаш гледам фотографии во медиумите. Таа зема напуштено дете во своите раце при посета на болница.

Изгледот на нејзиното лице е полн со љубов и смиреност. Изгледот на лицето на детето е полно со обожување. Знам, затоа што и јас ја обожувам.
Таа се наведнува над инвалидска количка или кревет за да допре една постара дама во болницата, со нежност и сочувство, исто како што го исполнува мојот живот со топлина и љубов.

Постои уште една жена која ја сакам и која го гради мојот дом. Ако таа заглави три дена во хотелска соба, таа ќе успее да ја направи собата наш дом. Таа се движи наоколу, ги поместува предметите во собата и се прашува зошто кога ја уредувале не го примениле нејзиниот начин.

Јас сум исто така луд за девојката која оди на ранчот со мене. Кога ја средуваме градината, таа е полна со енергија и ми помага при туркање на дрвјата. Таа е прекрасна личност со која седам покрај каминот, се возам низ патиштата во природата и ги набљудувам изгрејсонцето и зајдисонцето. Ако таа некогаш престане да доаѓа на ранчот, и јас ќе престанам затоа што ја гледам неа на секое место и не би можел да го поднесам тоа.

Потоа, тука е и една сентиментална дама која ја сакам, чии очи се полнат со солзи толку лесно. Од друга страна, таа сака да се смее и нејзиното смеење е како слушање на ѕвона на камбана. Ги сакам овие ѕвона и се чувствувам добро кога ги слушам, дури ако се одраз на шега што веќе и ја имам кажано.
За среќа, сите овие жени во мојот живот сте Вие, ѓ-ѓа Р. За среќа, мојот живот има значење

Ја сакам сета Ваша појава - мајка, прва дама, сентиментална девојка, забавна и моќна, енергична дама.
О да, постои и уште една девојка – малото девојче што носи „нана" во кревет во случај да е гладно во текот на ноќта. Јас не можам и не спијам добро, ако таа не е таму - затоа Ве молам секогаш да биде покрај мене.
Среќен Божик на сите вас - со сета моја љубов.
Колку сум среќен.

Ова писмо го има напишано четириесеттиот претседател на Соединетите Американски Држави – Роналд Реган, за неговата единствена љубов, првата дама – Ненси Реган.

Нивната љубов многумина ја опишуваат како љубов од бајките, совршена, вечна. Нивниот брак траеше 52 години. Откако на Роналд му беше дијагностицирана Алцхајмерова болест во 1994 година, таа посветено се грижеше за него сè до неговата смрт во 2004 година.

До денот на вљубените, имате можност да го заживеете романтичарот во себе со пишување и испраќање љубовно писмо во Скопје сити мол. Не се колебајте, вистинската романтика лежи во традицијата. Потребни ви се само искрени чувства и пенкало и лист.

Ве очекуваме во Сити мол!

Објавено во разно | 13.02.2018 - 11:41
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Некои луѓе никогаш не полудуваат. Колку ли им се ужасни животите. „

Чарлс Буковски