Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Што значи кога тазе мајките „полудуваат“ на Фејсбук

Купот бебешки слики на Фејсбук профилите на тазе мајки може да значи ризична потрага по одобрување од познаниците и пријателите.

Мало истражување спроведено врз 127 мајки од Охајо, САД, открило дека оние кои најчесто постирале фотографии и статуси најчесто чувствувале притисок да бидат совршени мајки, барале потврда од другите, и сметале дека мајчинството е важен дел од нивниот идентитет.

Очекувано, 98% од испитаничките ставале фотографии од своите бебиња, но клучниот индикатор биле профилните фотки со бебиња, пракса на скоро 80% од мајките од истражувањето.

Овие жени се чувствувале признаено кога добивале многу лајкови и коментари, но имале поголеми шанси да се чувствуваат лошо и разочарано кога реакциите не се онакви какви што очекувале, објасниле истражувачите.

Звучи прилично безопасно, нели?

Епа истите тие жени имале поголеми шанси да чувствуваат депресивни симптоми како немирен сон и слаб апетит, дури девет месеци по пораѓањето.

Тоа секако не значи дека новите мајки треба да се држат настрана од Фејсбук, но ако премногу се опседнуваат со лајкови и коментари и се разочаруваат ако не ги добијат истите, може да настане проблем.

Објавено во семејство | 01.06.2016 - 09:28
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Коа купуваш Full HD телевизор, пушти го Гоце Арнаудов прво за да видеш дали се гледат сите 5 милиони бои на кошулата. „

@superextrabonus