Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

7 причини зошто треба да јадете јагоди

Јагодите се сметаат за едно од најдостапните суперовошја, богати се со хранливи состојки и се нискокалорични.

Зрелите градинарски јагоди одгледани во контролирани услови треба да имаат конусна форма, светлоцрвена до темноцрвена боја, да се тешки околу 25 грама, со дијаметар од околу 3 сантиметри. Овие карактеристики, како и вкусот што варира од сладок до киселкаст, се различни во зависност од подвидот и начинот на одгледување. Кои се предностите од јадењето јагоди?

1. Јагодите содржат малку калории, само 32 во 100 грама, а се богат извор на фито-хранливи состојки, минерали и витамини што се важни за одржување на здравјето.

2. Јагодите содржат високо количество на антоцијанин и елагинска киселина. Истражувањата на научниците покажаа дека внесувањето на ова овошје потенцијално помага во борбата против рак, стареење, воспаленија и невролошки болести.

3. Состојките во јагодите помагаат во борбата против слободните радикали во организмот.

4. Свежите јагоди се богати со витамин Ц (во 100 грама се содржи 58,8 милиграми витамин Ц или 98 отсто од дневната препорачана доза), што исто така е моќен антиоксиданс. Внесувањето на овошје богато со витамин Ц му помага на телото да развие отпорност кон заразни заболувања, воспаленија и слободни радикали.

5. Јагодите се богати со витамини од групата Б-комплекс. Содржат големо количество витамин Б6, Б5, нијацин, рибовлавин и фолна киселина. Овие витамини се кофактори во метаболизирањето на јагленохидратите, протеините и мастите во телото.

6. Јагодите содржат витамин А, витамин Е и антиоксиданси како лутеин и мали количества бета-каротен.

7. Исто така јагодите содржат значителни количини на минерали како калиум, манган, флуор, бакар, железо и јод. Калиумот е важна состојка на клетките и телесните течности што помага во регулирање на бројот на срцеви отчукувања и крвниот притисок. Бакарот и железото се потребни за создавање на црвени крвни клетки. Флуорот е составен дел на коските и забите  е важен во спречувањето на појавата на кариес.

Објавено во здравје | 18.05.2015 - 15:10
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Патувањето најдобро се мери во пријатели, а не милји  „

Тим Кахил