Тоа се:
- Mасажа
- Aкупресура
- Рачна терапија
За време на масажата мускулите на телото се опуштени, со што се подобрува циркулацијата на крв и лимфа, како и самиот метаболизам. Со стимулации на акупресурните точки се ослободуваат „блокадите“ на енергија во телото.
Со рачната терапија, се враќаат зглобовите во нивната природна положба. Јумеихо масажата трае од 45 до 60 минути. Професионалните Јумеихо масажери, ја применуваат на целото тело, а не само на дел од телото.
Целиот процес се одвива во лежечка состојба на гумена подлога, додека пациентот е облечен во комфорна облека.
Има околу стотина методи и зафати кои се применуваат во оваа масажа, во зависност од болките и проблемите на пациентите. Јумеихо масажата опфаќа третирање на поголем број дисфункции и пореметувања во анатомијата на телото. Исклучително помага за зглобови, реума, мускулни проблеми, болки во ‘рбетот, локомоторни болести, главоболки и многу други.
Кај нас, најпознат центар за Јумеихо терапија е Gojo Dojo.