Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Колку железо има во свеж и во преработен спанаќ?

Спанаќот се вбројува во категоријата суперхрана поради високата содржина на витамини, минерали и хранливи состојки.

Ова зелјесто растение е одличен извор на фолна киселина, витамин К, Ц и А и е богато со антиоксиданси како лутеин.

Исто така е добар извор за омега три масни киселини, витамин Е, Б1, Б2 и Б6, како и минералите манган, магнезиум, калиум, цинк и бакар.

Редовното внесување на спанаќот во вашата исхрана помага да се регулира нивото на шеќер во крвта, се намалува ризикот од рак, се намалува крвниот притисок, се зајакнуваат коските и се регулира работата на цревата.

Иако спанаќот содржи два пати повеќе железо од повеќето зелјести зеленчуци, содржината на железото зависи од тоа како го јадете.

Содржина на железо
Во 100 грама свеж спанаќ има 23 калории и 2,71 милиграми железо.

Ако истата количина свеж спанаќ биде термички преработена на пареа или обарена во врела вода без сол, порцијата содржи исто толку калории и 3,57 милиграми железо.

Со смрзнување се намалува содржината на железо во спанаќот на 1,89 милиграми.

Ако обарите 100 грама смрзнат спанаќ, порцијата ќе содржи 35 калории и 1,96 милиграми железо.

Преработен спанаќ
Бидејќи спанаќот содржи толку многу корисни хранливи состојки, хутриционистите препорачуваат да го јадете и свеж и термички преработен за максимален ефект.

Свежиот спанаќ содржи значително повеќе фолна киселина, витамин Ц, витамин Б3, рибофлавин и калиум.

Во иста порција во тежина во споредба со свежиот, спанаќот подготвен на пареа или обарен во врела вода содржи повеќе витамин А и Е, протеини, растителни влакна, цинк, тиамин, калциум и железо.

Напомена: Многу е важно како ги комбинирате хранливите состојки, витамините и минералите во текот на оброците, за да добиете оптимална апсорпција. Витаминот Ц ја помага апсорпцијата на железото, а одредени фитонутриенти, како танините, ја спречуваат.

Објавено во здравје | 26.04.2016 - 13:58
Тагови:

Лајкнете не на Facebook