Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

,,Ривајв клиник,, - ново урбан спа дневно катче во центарот на Скопје

Викендов во Скопје се отвори нова современа Спа и велнес ,,Ривајв клиник,, со нова современа апаратура за лице и тело која за прв пат се сретнува на македонскиот пазар и на своите клиенти ќе им овозможи накратко да го избегнат стресниот и напорен начин на живот и за многу кратко време да се опуштат, рехабилитираат и ревитализираат.
,,Ривајв клиник,, освен за надворешната убавина на луѓето, нуди решение за многу медицински, здравствени и ментални проблеми.


Во последно време луѓето се помалку посветуваат внимание на своето здравје и убавина од причина што живееме во напнато време кое носи многу стресови и обврски. Токму поради ваквиот начин на живот во центарот на Скопје се отвори нов Спа и велнес ,,Ривавј клиник,, кој претставува урбано спа дневно катче и нуди третмани и услуги за целото тело и духовната состојба на луѓето.

Луѓето кои ќе ја посетуваат Ривајв клиниката ќе можат накратко да го избегнат секојдневниот хаос и да се доведат до целосен баланс и хармонија на организамот, како и целосно променети да продолжат со работните обврски.
Деј спа катчето нуди можност и во текот на работното време за пауза луѓето кои се под стрес и имаат многу обврски, за кратко време да се опуштат и ревитализираат и да продолжат со работните обврски.

Ривајв клиниката нуди третмани и апаратура која за прв пат се сретнува на македонскиот пазар, а се разликува од останатите класични салони по тоа што освен класични третмани за лице и тело има сауна, парна бања, повеќе типови на масажа и нови апарати со кои комплетно се третира клиентот, како во убавина, така и во подобрување на здравјето и релаксацијата. Клиентите освен што ќе бидат опслужени со најсовремена иновативна технологија од познати производители и стручни тимови, тие ќе имаат можност да се консултираат и со Константин Кaјшаров, магистер по кинези терапија.

Ривајв клиник со својот метод на работа и со апаратурата која ја поседува сака на површина да ја извади внатрешната убавина на луѓето, односно убавината и здравјето да ги спои во едно.

Сите третмани, вклучувајќи ги и третманите за трудници, гарантираат безбедност и немаат контраиндикации. Еден од апаратите кој за прв пат го има во Македонија е Солтариумот, кој претставува капусла во која се влегува и се вдишува воздух збогатен со сол и за 15 минути третман во капсулата се постигнува ефект како три дена на море.

Химфу апаратот е апарат за нехирушка липосукција кој веднаш дава ефекти, односно по првиот третман се намалуваат од 2 до 2,5см во обем на начин што се разбива масното ткиво и се исфрла преку лимфна дренажа.

Ултра тон апаратот е апарат кој претставува се во едно и има преку 150.000 програми за сите проблематики за тело и лице како естетика, рехабилитација, ревитализација и фитнес и со внесување на податоци за клиентот и избор на програмата, точно се покажува колку третмани треба да има клиентот.

Маја Чадиева е една од корисничките на услугите на Ривајв клиниката која за себе вели дека пробала скоро се за да ја намали тежината и отоците но тоа биле краткотрајни резултати се додека не почнала да ги користи услугите на Ривајв клиниката, каде резултатите ги забележала после првиот третман.

Ривајв клиниката која нуди решение за многу медицински , здравствени и ментални проблеми е одлично место во центарот на Скопје во близина на новата железничка станица кое на граѓаните ќе им заштети и време и пари, а ќе бидат целосно променети и опуштени.

Објавено во здравје | 12.09.2017 - 13:44
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Патувањето најдобро се мери во пријатели, а не милји  „

Тим Кахил