Отворањето на продавницата е закажано за 8-ми април, сабота, во 11:30 часот. За забавата ќе биде задолжен познатиот хип-хоп диџеј Гоце, а освен со протеински шејкови, гостите ќе бидат пречекани и со енергетски пијалоци без шеќер од поддржувачите на овој настан – Red Bull. Домаќините обезбедија и специјални попусти, подароци и понуди кои ќе важат само на денот на отворањето.
„Сакаме уште од првиот ден да покажеме колку ентузијазам вложивме во ProteinLab и сè што е поврзано со овaa малa, за нас многу драгa „лабораторија“. Таа ќе биде уникатна по својот изглед, но и по грижата која купувачите ќе ја добијат од нашиот стручен и искусен тим. Имаме одлични познавања од фитнесот и додатоците во спортската исхрана и подготвени сме своето знаење да го споделиме со сите кои ќе влезат во нашата продавница.“ – објаснуваат од ProteinLab.
Настанот е од отворен тип, а повеќе детали можат да се најдат на официјалната фејсбук страница.