Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Зошто се важни витамините за децата и за што служат тие?

На сите ни е добро познато дека витамините се многу важни за правилен раст и развој на децата, меѓутоа и за подобрување на здравјето воопшто и за одржување добар баланс во организмот кај возрасните. 

Но, дали знаете што всушност претставуваат витамините? Тие се комплексни соединенија што вашето тело не може да ги произведе само и мора да ги зема од храната во мали дози. Важни се за нормалното биолошко функционирање, односно за растењето, нормалното функционирање на клетките и ткивата и, општо, за одржување на здравјето. Секој витамин си има своја намена и влијае врз подобрувањето на одредени процеси во организмот.

Доколку имавте дилеми, накратко ви ги претставуваме 10-те витамини што се најважни за детското здравје.

Витамин А – овој витамин го подобрува имунитетот и го зајакнува срцето, а најпознат е по тоа што е одговорен за подобар вид, здрава кожа и за правилен раст. Го има во морковите, зелениот и темнозелениот зеленчук, портокалот, жолтото овошје и зеленчук, јајцата, млекото, павлаката, сирењето и во другите млечни производи.

Витамин Б1 – велат дека ова е витаминот за нормално функционирање на срцето и за заштита на нервниот систем. Тој ги подобрува концентрацијата и менталната снаодливост. Најмногу го има во квасецот, интегралните житарици и леб, компирот, млекото и во немасното свинско месо.

Витамин Б3 – овој витамин, исто така познат и како ниацин, го прави организмот свеж и витален давајќи му енергија, а помага и во беспрекорната работа на нервниот систем и на мозокот. Го има во пивскиот квасец, кикириките и во рибата.

Витамин Б5 – или познатата протеинска киселина, го намалува уморот, а го забрзува и растот на косата и влијае врз подвижноста на телото. Позитивно влијае врз расположението затоа што го контролира адреналинот во организмот. Најмногу го има во сушеното овошје, како што се кајсии и смокви, свежиот зеленчук, но и во сусамот, оревите, сојата и во јајцата.

Витамин Б6 – тој е многу важен за имунитетот, а е неопходен и за правилна изградба на мускулните масти. Покрај тоа, ја поттикнува размената на протеини и аминокиселини. Исто така, важен е и за правилно работење на нервниот систем. Најмногу го има во интегралниот леб, телешкиот џигер, никулците соја, скушата, мешунките и во пиперките. 

Витамин Б7 – овој витамин е неопходен за убава и здрава коса, нокти и кожа. Најмногу го има во квасецот, интегралниот леб, јајцата, млекото и во млечните производи. 

Витамин Б9 – овој витамин сите го знаат како фолна киселина. Таа влијае врз создавањето нови клетки и ја регулира крвната слика, а важна е и за правилното варење и за нервниот систем, како и за добар раст и развој на фетусот. Фолната киселина ја има во спанаќот, брокулата, карфиолот, но и во телешкото и јагнешкото месо.

Витамин Б12 – овој витамин исто така позитивно влијае врз кожата, косата и ноктите, меѓутоа попознат е по тоа што обезбедува нормална функција на нервниот систем и обновување на крвта. Го има во свинскиот џигер, телешките бубрези, скушата и во морскиот лосос.

Витамин Д – на сите ни е познато дека витаминот Д е особено важен за коските. Тој помага за полесно апсорбирање на калциумот. Недостигот на калциум води до рахитис. Исто така, влијае и за здрави заби. Витаминот Д е познат и како „сончев витамин“ бидејќи сонцето е природен извор, а го има и во рибиното масло и месо, но и во јајцата, млекото, млечните производи и во путерот.

Витамин Е – учествува во регенерирање на клетките, а исто така заслужен е за виталноста на убавата кожа. Витаминот Е најмногу се наоѓа во авокадото, пиперката, јајцата, путерот, билните масла, оревите, морските плодови и во темнозелениот зеленчук.

Како што наведовме, овошјето, зеленчукот, млекото, месото, рибата се природни извори на различни видови витамини, но што ако, поради одредени причини, најчесто веројатно сезонски, постои дефицит на овие намирници?

Токму затоа, од исклучителна важност е витамините да се внесуваат на редовна основа и како додаток во исхраната, особено кај децата. Нутриционистите препорачуваат дека на децата им е потребно секојдневно внесување млеко, токму поради тоа што млекото е природен извор на витамини и калциум, а, пак, доколку тоа е збогатено и со дополнителна количина витамини, претставува дневна доза здравје за младиот детски организам.

Добар пример за ова е Битолското витаминско млеко, кое, покрај тоа што е добиено од најквалитетно млеко од специјално избрани фарми и претставува богатство од протеини, витамини, калциум и други хранливи состојки, неговата формула дополнително е збогатена со сите наведени 10 витамини што се неопходни за детскиот раст и развој. 

Чаша млеко за добро здравје секој ден!

Објавено во здравје | 18.10.2017 - 16:27
Тагови:

Лајкнете не на Facebook