Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Кучињата мразат гушкање

Науката сега има доволно докази да докаже дека вашето куче мрази кога го гушкате. Сме живееле во лаги целиот живот.

Д-р Стенли Корен, професор по психологија специјализиран за однесувањето на кучињата, вели дека тие скоро секогаш покажуваат знаци на стрес и анксиозност кога се во прегратка.

Според Psychology Today, овие значи вклучуваат избегнување на контакт со очи, покажување на белките во очите, спуштање на ушите, зевање, лижење и кревање на шепа.

Иако идејата одамна е прифатена во научната заедница (но не и меѓу љубителите на кучиња), Корен смета дека немало доволно научни докази на темата, па решил да анализира 250 фотографии од луѓе што си ги гушкаат милениците (најдени рандом на интернет).

„Можам многу лесно да донесам заклучок од податоците. Интернетот содржи многу фотографии од среќни луѓе кои гушкаат несреќни кучиња“, објаснил тој.

Открил дека кучињата на 81,6% од фотографиите покажувале најмалку еден знак на неудобност, стрес или анксиозност, а среќни биле само 7,6%.

Гушкајќи го кучето, му ја одземате природната способност да се одбрани од потенцијални закани, па наместо тоа, покажете му љубов преку играње, давање храна или едноставно, галење.

Објавено во животни | 28.04.2016 - 09:37
Тагови:

Лајкнете не на Facebook

” Коа купуваш Full HD телевизор, пушти го Гоце Арнаудов прво за да видеш дали се гледат сите 5 милиони бои на кошулата. „

@superextrabonus