Search form

ВРЕМЕНСКА
ПРОГНОЗА
  • Скопје
  • Битола
  • Охрид
  • Струга
  • Куманово
  • Тетово
  • Гостивар
  • Велес
  • Штип
  • Прилеп
  • Струмица
  • Гевгелија
  • Крива Паланка
  • Дебар
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Берово
  • Виница
  • Радовиш
  • Валандово
  • Делчево
  • Кочани
  • Пробиштип

Зимата како најголем непријател на вашиот акумулатор

Зимата обично важи за годишно време во кое морате да обрнете посебно внимание на вашите автомобили. Нега во која посебно место треба да заземе акумулаторот.

Превентивата, контролата и редовното одржување на акумулаторот е своевидна „лична хигиена“ за секој автомобил. Пред да настапат првите пониски зимски температури особено треба да се обрне внимание на состојбата на акумулаторот, дури и доколку тој до тој момент не покажувал проблеми при работењето.

За поголемиот број возачи акумулаторот е нешто неприметно, сè до моментот кога тој ќе се расипе. Моментот кога тоа ќе се случи, односно нема да можете да го стартувате автомобилот, значи дека веројатно веќе е предоцна за сервис.

Стручњаците за акумулатори воглавном ги нудат следните три основни совети со цел акумулаторот секогаш да биде подготвен за работа, но и со цел да се помогне во ситуациите кога тој ќе откаже.

Како да се избегнат проблемите при стартувањето на автомобилот во зима?

- Акумулаторот треба редовно да се тестира и тоа при секој сервис на автомобилот. Во пресрет на зимскиот период задолжително е тој да се провери, без разлика дали е тоа во локален или пак овластен сервис.

- Доколку акумулаторот е тестиран и исправен се советува сопственикот во куси интервали со антистатичка крпа да го избрише капакот и приклучоците. Тоа ќе ги спречи несаканите елеткрични празнења до кои може да дојде поради наталожената прашина или кал на контактите.

- Исто така треба да се провери и сигуноста на контактите, нешто што се прави со проверка на тоа дали се тие добро стегнати и фиксирани.

Доколку акумулаторот откаже како тој правилно тој со помош на кабли повторно да се стартува?

- При започнувањето на овој процес моторите и на двете возила мораат да бидат изгасени.

Како правилно се користат каблите за стартување?

1. Црвениот крај од кабелот се приклучува на позитивната клема од неисправниот акумулатор.
2. Другиот крај од црвениот кабел се става на позитивната клема на исправниот акумулатор.
3. Црниот кабел задолжително прво се приклучува на негативната клема на исправниот акумулатор.
4. Потоа другиот крај на црниот кабел се приклучува на чист и нелакиран дел од каросеријата во просторот околу моторот на неисправното возило.

Потоа се стартува моторот на исправното возило по што треба да се уверите каблите да не се преблиску до вентилаторот или пак некој каиш. Не треба да се стартува моторот на неисправното возило додека во целост не проработи моторот на исправното возило.

Зголемете го бројот на вртежи на исправното возило на 1.500 до 2.000 вртежи.

Откако возилото со неисправниот акумулатор ќе се стартува одвојте ги каблите по обратен редослед и веднаш упатете се во сервис затоа што повторување на истата постапка веројатно веќе нема да биде возможно.

Како (и дали) самостојно да го заменам акумулаторот?

До пред неколку години беше навистина лесно самостојно да се замени акумулаторот. Сепак, денешните комплексни електрични системи во возилата и Старт-Стоп технологијата бараат непрекинато напојување со струја. Тоа значи дека најчесто за замена се потребни посебни алати и уреди кои можат да се најдат само во специјализирани сервиси.

Токму затоа, за замената на акумулаторот да помине без стрес потребно е таа сепак да им се остави на сервисите специјализирани за такви работи.

Клучниот совет го оставивме за крај, а тој се наметнува сам по себе. Не дозволувајте зимата да ве изненади вас и вашето возило. Редовно сервисирајте и проверувајте го вашиот акумулатор. Исто така, треба да се води сметка за тоа сите потрошувачи да бидат исклучени додека автомобилот е во мирување и да се почитува фактот дека просечниот работен век на акумулаторите изнесува 4 години.

Потоа, по правило, тој треба да се замени со нов без разлика на тоа што работи без проблеми и без разлика за тоа што акумулаторите на некои брендови, а особено на EXIDE, обично знаат да траат и доста повеќе од 4 години.

Тагови:
19.10.2016 - 16:34

Лајкнете не на Facebook